Ali Semerci
09 Март 2020•Ажурирај: 09 Март 2020
БАГДАД (АА) - Како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Ирак почина уште едно лице, со што бројката на починати од овој вирус се искачи на 7 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение на градската Здравствена дирекција во Басра, која се наоѓа во јужниот дел на Ирак, поради коронавирусот починало едно 74-годишно лице кое пред извесно време било оперирано во Иран, а пред 3 дена се вратило во земјата.
Овој случај е првиот смртен случај од Ковид-19 во овој град.
Со тоа, во Иран вкупно починаа седум лица од овој вирус.