Ali H. M. Abo Rezeg
09 Март 2020•Ажурирај: 09 Март 2020
РАМАЛА (АА) - Палестинските власти денес потврдија уште шест случаи на коронавирус во окупираниот Западен Брег, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Министерството за здравство потврди дека бројот на заразени лица со коронавирус се зголемил на 26, откако пет случаи беа потврдени во Витлеем и еден во Тулкарм“, соопшти портпаролот на Владата, Ибрахим Мелхем.
Палестинското Министерство за здравство објави вонредна состојба во Витлеем и Ерихон поради коронавирусот.
Од Министерството се вели дека хотел во Витлеем бил под карантин поради големиот број сомнителни случаи.
„Бројката на починати од вирусот на глобално ниво изнесува над 3.800 лица, со повеќе од 110.000 потврдени случаи“, се соопштува од Светската здравствена организација (СЗО).
Како дел од напорите за да се спречи појавата на епидемија, владите ги затворија границите и ги суспендираа воздушните и копнените патувања во најмногу погодените земји, вклучувајќи ги Кина, Иран и Италија.
Светската здравствена организација (СЗО) прогласи многу висок степен на глобална опасност.