Ahmet Dursun
24 Март 2020•Ажурирај: 24 Март 2020
АНКАРА (АА) - Во Иран, во последните 24 часа од коронавирусот починаа уште 122 лица, со што вкупната загуба на животи се искачи на 1.934 лица, додека бројот на потврдени случаи достигна до 24.811, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кијануш Џиханпур, портпарол на Министерството за здравство, во својата изјава пренесена на иранската државна телевизија соопшти дека уште 122 лица починале во последните 24 часа од Ковид-19.
Според Џиханпур, вкупниот број на починати е пораснат на 1.934 лица, а бројот на потврдени случаи е зголемен за 1.762 лица, и достигна до 24.811.
- Околу 9 илјади луѓе закрепнале, а 41 милион луѓе се тестирани -
Наведувајќи дека 8.913 лица закрепнале по завршувањето на нивниот третман и се пуштени од болница, Џиханпур рече дека повеќе од 41 милион луѓе биле подложени на тестирање во рамките на кампањата „Националната борба против короната“, која започна на 5 март.
Во Иран вирусот најпрво беше откриен во градот Ком на 19 февруари, а потоа се рашири во сите покраини.
На 5 март во Иран започна кампањата „Национална борба против короната“, со која со екипа од 300 илјади луѓе започна тестирањето на граѓаните, особено во провинциите каде што коронавирусот е најчест.