Stipe Majic
24 Март 2020•Ажурирај: 26 Март 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Центарот за цивилна заштита на Република Хрватска извести дека заклучно со 16:00 часот вчера регистрирани се 46 нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број заболени изнесува 361, од кои шест лица се со потешка клиничка слика и се приклучени на респиратори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за здравство, Вили Берош, извести дека утринава во Хрватска се регистрирани вкупно 361 пациент дијагностицирани со вирусот Ковид-19, 46 лица повеќе од вчера во 16:00 часот.
„Иако оваа бројка на прв поглед изгледа голема, сепак во овој момент сме задоволни, бидејќи станува збор за број помал од очекуваниот“, рече министерот.
Вкупно се тестирани 3.313 лица, а дополнително е забележано натамошно влошување на клиничката слика кај еден пациент, така што во моментов шест пациенти се на механичка вентилација, односно на респиратори.
„Состојбата на сите пациенти и понатаму е стабилна и укажува на одредена можност за закрепнување“, рече Берош.
Просечната старост на заболените од коронавирусот во Хрватска е 49,5 години, 56 отсто од лицата се машки, а 44 жени.
Од заболените, 12,7 отсто се во возрасната група од 60 до 70 години, 6,1 отсто од заразените се на возаст од 70 до 80 години, што Берош го оцени како добар показател и предупреди на потребата од меѓугенерациска солидарност за одржување на далечина и сите мерки за превенција на лицата кои им припаѓаат на ризичните групи.
Хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, ги предупреди родителите да не ги носат и да не ги пуштаат децата од домовите надвор на снегот што падна во раните утрински часови во поширокото подрачје на Загреб.