Şenhan Bolelli
24 Март 2020•Ажурирај: 25 Март 2020
МАДРИД (АА) – Во Шпанија, во последните 24 часа, од коронавирусот Ковид-19 починаа уште 514 лица, со што вкупниот број на починати се искачи на 2.696 лица, а бројот на случаи се зголеми за 6.584, искачувајќи се на 39.673, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Шпанија ги ажурираше информациите за Ковид-19.
Соодветно на тоа, бројот на лица што го загубија животот во епидемијата се зголеми од 2.182 на 2.696 со рекордно зголемување од 514 смртни случаи, а бројот на заболени порасна од 33.089 на 39.673 што претставува рекорден раст од 6.584 нови случаи.
Според овие податоци, во последните 24 часа е регистриран најголем број смртни случаи и дијагностицирани со Ковид-19 во земјата.
Министерството најпрво објави дека бројот на починати е 2.694, а потоа за кратко време ја зголеми бројката на 2.696.
Бројот на пациенти што се лекуваат од Ковид-19 во Одделот за интензивна нега е 2.636, а во последните 24 часа излекувани се 439 пациенти, така што вкупната бројка на излекувани се искачи на 3.794.
Од 19 март бројот на починати од Ковид-19 во Шпанија се зголемува.
Според статистичките податоци, на 19 март имало 169 смртни случаи, на 20 март 215, на 21 март 344, на 22 март 394, на 23 март 462 и денес 514 случаи.
Од друга страна, бројот на починати во Автономниот Регион Мадрид се зголеми на вкупно 1.535, а во последните 24 часа имало 272 лица починати од Ковид-19. Бројот на заболени се зголеми за 1.777 и се искачи на вкупно 12.352.
По Мадрид, најголема смртност е забележана во автономните администрации Каталонија (282) и Кастилја ла Манча (212).
Шпанскиот премиер Педро Санчез во изјавата во неделата рече дека оваа седмица ќе има серизно зголемување на бројот на смртни случаи и дијагностицирани со Ковид-19 и упати повик до јавноста психолошки да се подготви за оваа ситуација.