Hasan Esen
04 Јули 2020•Ажурирај: 05 Јули 2020
ЛОНДОН (АА) – Во Велика Британија вкупниот број на починати од новиот вид коронавирус, Ковид-19, се искачи на 44.198, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на британското Министерство за здравство, во последните 24 часа од вирусот починале уште 67 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи се искачи на 44.198.
Во текот на последното деноноќие откриени се уште 624 случаи на Ковид-19, додека вкупниот број на дијагностицирани случаи во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 284.900.
Велика Британија е прва во Европа по бројот на починати од Ковид-19, а трета во светот, по САД и Бразил.