Emre Aytekin
17 Мај 2020•Ажурирај: 17 Мај 2020
АНКАРА (АА) – Во Бразил во последните 24 часа од новиот вид коронавирус, Ковид-19, починаа уште 845 луѓе, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на страницата Globo.com, според податоците од бразилското Министерство за здравство, бројот на починати се искачил на 15.662, со зголемување од 845 луѓе во последните 24 часа.
Покрај тоа, бројот на случаи во земјата се зголеми за 15.288 во последното деноноќие, со што вкупната бројка во земјата порасна на 233.511.
Според веб-страницата „Worldmeter“, Бразил е рангиран на петтото место во светот во однос на бројот на регистрирани случаи со Ковид-19.