Faruk Zorlu
17 Мај 2020•Ажурирај: 18 Мај 2020
ЈЕМЕН (АА) - Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), од јануари во Јемен имало приближно 113.000 сомнителни случаи на колера, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Со лабораториски истражувања потврдени се вкупно 56 случаи на колера, додека регистрирани се 29 смртни случаи.
„СЗО даде поддршка на 138 центри во борбата против дијарејата и на 58 центри за закрепнување од екстремна жед“, се вели од Организацијата.
Се истакнува дека дијарејата и жедта се меѓу најочигледните симптоми на колерата.
Јемен е средиште на судири уште од 2014 година, кога бунтовниците Хуси го зазедоа поголемиот дел од земјата, вклучително и главниот град Сана. Кризата ескалираше во 2015 година кога воената коалиција предводена од Саудиска Арабија започна воздушна кампања насочена кон враќање на територијалните придобивки на Хусите.
Оттогаш, се смета дека десетици илјади Јеменци, вклучително и цивили, се убиени во судирите, додека 14 милиони се изложени на ризик од гладување, покажуваат податоците на Обединетите нации (ОН).