Recep Şakar
28 Април 2020•Ажурирај: 28 Април 2020
МЕЛБУРН (АА) - Во Австралија, во изминатите 24 часа од вирусот Ковид-19 починаа 5 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се искачи на 88, јавува Агенција Анадолија (AA).
Од Министерството за здравство на Нов Јужен Велс соопштено е дека починатите биле корисници на Домот за стари лица „Њумарш Хаус“, кој се наоѓа во Сиднеј.
Во Австралија, во изминатите 24 часа потврдени се само 12 нови случаи на заразени.
Од почетокот на пандемијата тестирани се околу 530.000 примероци, од кои 6.731 биле позитивни, додека 5.526 заразени веќе ја победија борбата со вирусот.
Иако бројот на починати расте, надлежните тврдат дека пренесувањето на вирусот во земјата е речиси сопрено.
Австралискиот федерален министер за здравство, Грег Хант, рече дека кај само еден од 12-те новозаразени не е познат изворот на заразата, и додаде дека се надеваат дека мерките би можеле набрзо да бидат укинати.
Хант порача дека преземените мерки вродиле со плод, и дека се чувствува привилегиран што може да соопшти ваков развој на ситуацијата.