Şerife Çetin
28 Април 2020•Ажурирај: 29 Април 2020
БРИСЕЛ
Кеј Бејли Хатчисон, постојаната преставничка на САД во НАТО ѝ се заблагодари на Турција за медицинска опрема што и ја испрати на САД како помош во борбата со пандемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Хатчисон преку својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша дека и во овој период на пандемијата, солидарноста во рамките на НАТО ја покажала моќта на трансатланските врски.
Споделувајќи фотографија со Басат Озтурк, постојаниот претставник на Турција во НАТО, Хатчисон напиша „Многу му се заблагодаруваме на турскиот народ за дадената поддршка за нашата борба со Ковид-19“.
Министерството за одбрана на Турција по упатствата добиени од претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, за САД испрати медицински материјал кој ќе се користи во борбата против пандемијата на Ковид-19. Медицинскиот материјал испратен за САД кој е подготвен од страна на министерствата за одбрана и здравство на Турција се состои од маски, штитници за лице, маски N95 и заштитни комбинезони.
Авионот кој им припаѓа на Турските вооружени сили претходно испрати медицински материјали во борбата против Ковид-19 во Шпанија, Италија, В.Британија, Северна Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Либија и Сомалија.