Emre Gürkan Abay
10 Октомври 2022•Ажурирај: 11 Октомври 2022
КИЕВ (АА) - Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Киев ги повика американските граѓани веднаш да ја напуштат Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од американската Амбасада во Киев, тие потсетија дека Русија утринава извршила ракетни напади низ Украина.
Наведено е исто така дека Русија нападнала инфраструктурни и јавни објекти, особено во Киев, а беше истакнато дека нападите претставуваат закана и за животите на цивилите.
„Државјаните на САД треба да бараат засолниште на безбедно место каде што се наоѓаат и веднаш да ја напуштат Украина, користејќи ги достапните опции за копнен транспорт кога тоа е безбедно“, се вели во извештајот.
Според последните информации, во руските воздушни напади врз главниот град Киев загинаа 8 лица, а 24 се повредени.