Dilara Zengin
28 Април 2020•Ажурирај: 29 Април 2020
ВАШИНГТОН
Трговскиот дефицит на САД во март се зголеми за 7,2 отсто на месечно ниво и достигна 64,2 милијарди долари, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за трговија на САД соопшти дека трговскиот дефицит во таа земја се зголемил на 64,2 милијарди долари од 59,9, колку што изнесуваше во февруари.
Овие податоци се над проценката на пазарите кои очекуваа дефицит од 62,67 милијарди долари.
Во овој период извозот на робата е намален за 6,7, увозот за 2,4 отсто.
„Извозот на робата во март изнесуваше 127,6 милијарди долари, 9,1 милијарди долари помалку отколку во февруари. Увозот на робата во март изнесуваше 191,9 милијарди долари, што е 4,8 милијарди долари помалку од увозот во февруари“, се наведува во соопштението на Министерството за трговија на САД.
Исто така, залихите на велепродажба во март се намалија за еден отсто, а залихите на роба во малопродажбата за 0,9 отсто.