Burhan Sansarlıoğlu
01 Септември 2018•Ажурирај: 02 Септември 2018
ИСТАНБУЛ (AA) – Турција во август оваа година го намалила надворешнотрговскиот дефицит за 57,9 отсто, а тој изнесуваше 2 милијарди 487 милиони долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за трговија на Турција објави податоци за увозот и извозот на оваа земја за август 2018 година.
Според податоците, турскиот извоз во август изнесувал 12 милијарди 389 милиони, а увозот, 14 милијарди 875 милиони долари.
Кога станува збор за надворешнотрговскиот дефицит на оваа земја, тој во август е намален за 57,9 отсто, а покриеноста на увозот со извозот изнесуваше 83,3 отсто.