Islam Doğru
28 Април 2020•Ажурирај: 28 Април 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 1.379 лица, со што вкупниот број на починати достигна 56.256, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД сѐ уште се наоѓа на врвот на листата на земји погодени со пандемијата според најголемиот број случаи на заразување со Ковид-19.
Според најновите податоци на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД се потврдени 22.539 нови случаи на заразување, со што вкупниот број на заразени се зголемил на 988.490.
Следуваат Шпанија со 232.128 заразени, Италија со 199.414 и Франција со 166.036.
Жариштето на пандемијата во САД сѐ уште е Њујорк, каде се заразени 291.996 лица, а починале 22.668.
Следуваат Њу Џерси со 111.188 заразени и Масачусетс со 56.462.
Во САД од почетокот на пандемијата се тестирани 5.593.495 лица.
Во болниците ширум земјата се хоспитализирани 128.673 лица, додека 111.583 лица кои биле позитивни на Ковид-19 се излекувале.