свет, Коронавирус

Во Австралија бројот на починати од Ковид-19 се зголеми на 14

Бројот на дијагностицирани лица со Ковид-19 во земјата се зголеми за 469, достигнувајќи 3.635

Recep Şakar  | 28.03.2020 - Обновена : 28.03.2020
Во Австралија бројот на починати од Ковид-19 се зголеми на 14

МЕЛБУРН (АА) - Бројот на луѓе што починаа во Австралија поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 14, а бројот на заболени на 3.635, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Државниот здравствен оддел на Нов Јужен Велс (NSW) соопшти дека на северот од Сиднеј починала една 91-годишна жена која била лекувана во болница.

Со последната загуба, бројот на смртни случаи како резултат на Ковид-19 во Нов Јужен Велс (NSW) се искачи на 8, а низ целата земја на 14.

Бројот на дијагностицирани лица со Ковид-19 во земјата се зголеми за 469, достигнувајќи 3.635. Во земјата епидемијата најмногу се прошири во Нов Јужен Велс и таму има вкупно 1.617 заболени.

Како дел од новите мерки, секој што ќе влезе во земјата од полноќ ќе биде ставен во задолжителен карантин две недели во хотел или во друго сместување, без да си оди дома.

На тие што ќе ги прекршат правилата ќе им се изрече парична казна и казна затвор.

Од друга страна, во Нов Зеланд, каде што беше прогласена вонредна состојба, бројот на случаи на Ковид-19 се зголеми за 83 и вкупно има 451 заболен.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın