свет, Коронавирус

Бројот на заразени со Ковид-19 во светот ја надмина бројката од 600 илјади

Досега во светот од Ковид-19 починале вкупно 27.518 лица, а излекувани се 138.445 лица

Büşra Selvi Öğütcen, Zuhal Demirci  | 28.03.2020 - Обновена : 28.03.2020
Бројот на заразени со Ковид-19 во светот ја надмина бројката од 600 илјади

АНКАРА (АА) - Бројот на заразени со новиот вид коронавирус (Ковид-19), што се појави во Вухан, во кинеската покраина Хубеи, и се рашири низ голем број земји во светот, ја надмина бројката од 600.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веб-страницата „Worldometer“, каде што се евидентираат податоците за новите случаи на „Ковид-19“ низ светот, бројот на заразени лица се зголемил на 601.758.

Од Ковид-19, како што се истакнува на веб-страницата, починале вкупно 27.518 лица, а закрепнале 133.445 лица.

Од појавата на коронавирусот во Кина починаа 3.295 лица, во Хонгконг 4 лица, во Италија 9.134, во Шпанија 5.138, во Иран 2.378, Франција 1.995, САД 1.704, Велика Британија 759, Холандија 546, Германија 351, Белгија 289, Швајцарија 231, Јужна Кореја 144, Шведска 105, Бразил 93, Турција 92, Индонезија 87, Португалија 76, Јапонија 59, Австрија 58, Канада 55, Филипини 54, Данска 52, Еквадор 41, Ирак 40, Египет 30, Грција 28, Алжир 26, Малезија 26, Романија 26, Мароко 23, Ирска 22, Сан Марино 21, Индија 20, Доминиканска Република 20, Норвешка 19, Аргентина 17, Полска 16, Луксембург 15, Австралија 14, Панама 14, Израел 12, Мексико 12, Перу 11, Пакистан 11, Унгарија 10, Чешка 9, Буркина Фасо 9, Словенија 9, Србија 8, Либан 8, Албанија 8, Финска 7, Тунис 7, Колумбија 6, Тајланд 6, Бангладеш 5, Украина 5, Чиле 5, Литванија 5, Јужен Кипар 5, Гана 4, Авганистан 4, Бахреин 4, Босна и Херцеговина 4, Русија 4, Бугарија 3, Северна Македонија 3, Саудиска Арабија 3, Парагвај 3, Хрватска 3, Андора 3, Азербејџан 3, Демократска Република Конго 3, Костарика 2, Тајван 2, Обединетите Арапски Емирати 2, Сингапур 2, Маурициус 2, Исланд 2, Молдавија 2, Камерун 2, Тринидад и Тобаго 2, Узбекистан 2, Венецуела 2 и по едно лице во Никарагва, Гамбија, Зимбабве, Судан, Гвајана, Зелен ’Рт, Габон, Курасао, Кајмански Острови, Нигер, Јамајка, Кенија, Гватемала, Нигерија, Гвадалупе, Црна Гора, Канарски Острови, Палестина, Мартиник, Хондурас, Казахстан, Ерменија, Естонија, Јужнофриканска Република, Јордан, Брунеј и Того.

- Земји со повеќе од 1000 случаи на Ковид -19 -

Според веб-страницата „Worldometer“, земји со над 1000 потврдени случаи на Ковид-19 се:

САД 104.849, Италија 86.498, Кина 81.400, Шпанија 65.719, Германија 53.463, Франција 33.414, Иран 32.332, Велика Британија 14.751, Швајцарија 13.138, Јужна Кореја 9.478, Холандија 8.603, Австрија 7.750, Белгија 7.284, Турција 5.698, Канада 4.757, Португалија 4.268, Норвешка 3.771, Австралија 3.573, Бразил 3.477, Шведска 3.069, Израел 3.035, Чешка 2.279, Јапонија 2.211, Малезија 2.161, Ирска 2.121, Данска 2.046, Еквадор 1.627, Чиле 1.610, Луксембург 1.605, Полска 1.389, Пакистан 1.373, Романија 1.292, Тајланд 1.245, Јужноафриканска Република 1.170, Саудиска Арабија 1.104, Индонезија 1.046, Финска 1.041 и Русија 1036.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın