свет, Коронавирус

Варијантата Омикрон присутна во Европа многу порано од познатото

Иако е евидентиран како прв случај во Европа, се покажа дека варијантата Омикрон била присутна во Белгија пред неколку недели

Selen Temizer  | 06.12.2021 - Обновена : 08.12.2021
Варијантата Омикрон присутна во Европа многу порано од познатото

БРИСЕЛ (АА) – Варијантата Омикрон на новиот тип коронавирус (Ковид-19) е регистрирана во Белгија еден ден подоцна откако е откриена на југот на Африка на 25 ноември, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Иако е евидентиран како прв случај во Европа, се покажа дека варијантата Омикрон била присутна во Белгија пред неколку недели.

Во веста што ја објавија весниците во Фламанскиот Регион на Белгија, базирана на Здравствената агенција во Фламанија, се наведува дека варијантата Омикрон е регистрирана кај еден млад човек пред неколку недели во Источна Фландрија.

Од Фламанската здравствена агенција потврдено е дека лицето е ученик во училиштето „Меле“ и член на тимот што се вратил во Белгија од натпревар во ватерполо во Брно, Чешка, одигран во средината на ноември 2021 година.

Со ова се утврдува дека варијантата Омикрон стигнала во Европа многу порано од познатото.

Варијантата Омикрон е откриена во Јужна Африка и Боцвана на 25 ноември. Следниот ден била регистрирана во Белгија.

Велика Британија и земјите од Европската Унија од 25 ноември ги прекинаа летовите од земјите на југот на Африка, каде што се појави „варијантата Омикрон“.

Во моментов, според официјалните податоци, во Белгија има 9 случаи на Омикрон.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın