Dmitri Chirciu
06 Декември 2021•Ажурирај: 07 Декември 2021
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин утре со американскиот претседател Џо Бајден ќе разговара за украинското прашање, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во главниот град Москва даде изјава за медиумите во врска со средбата Путин-Бајден, која ќе се одржи утре преку видеоконференција.
Наведувајќи дека средбата нема да се пренесува во живо, Песков рече дека ќе се разговара за прашањата за кои двајцата лидери се договориле на 16 јуни во Женева, Швајцарија.
„Се разбира, ќе се разговара за билатералните односи, кои и понатаму се во лоша состојба. Двајцата лидери ќе разговараат за прашања кои се на дневниот ред. Меѓу точките за кои ќе се разговара, пред сè се тензиите во Украина, приближувањето на НАТО кон нашите граници и иницијативата на Путин во врска со безбедносните гаранции.“