Mustafa Melih Ahıshalı
28 Април 2020•Ажурирај: 28 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) – Во Иран, во последните 24 часа од новиот вид коронавирус, Ковид-19, починаа 71 лице, со што вкупната бројка на смртни случаи во земјата се зголеми на 5.877, додека бројот на заразени порасна на 92.584, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според иранската државна телевизија, портпаролот на Министерството за здравство, Кијануш Џиханпур, соопшти дека од Ковид-19 во последните 24 часа починале 71 лице.
Џиханпур, наведувајќи дека вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголемил на 5.877, рече дека бројот на заболени се искачил на 92.584, со зголемување од нови 1.112 случаи во последните 24 часа.
Наведувајќи дека 2.983 пациенти се во критична состојба, Џиханпур рече дека досега во земјата излекувани и отпуштени од болница се вкупно 72.439 лица.
Ковид-19 за првпат во Иран е откриен во градот Ком на 19 февруари.