Emel Gözellik
03 Јули 2020•Ажурирај: 03 Јули 2020
АНКАРА
Бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 11 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, досега во светот со Ковид-19 се заразени 11.001.023 лица.
Најмногу случаи се откриени во САД, каде што 2.837.189 лица се заразени со овој вирус.
По САД следуваат Бразил со 1.501.353 откриени случаи, Русија со 667.883 откриени случаи, Индија со 627.168 откриени случаи, Шпанија со 297.183 откриени случаи, Перу со 292.004 откриени случаи, Чиле со 284.541 откриен случај, Велика Британија со 283.757 откриени случаи, Италија со 240.961 откриен случај, Мексико со 238.511 откриени случаи, Иран со 232.863 откриени случаи и Пакистан со 221.896 откриени случаи.
Во Турција со Ковид-19 досега се заразени 202.284 лица.
Земји каде што бројката на откриени случаи со Ковид-19 надмина 50.000 се следни:
Саудиска Арабија (197.608), Германија (196.717), Јужноафриканска Република (168.061), Франција (166.378), Бангладеш (153.277), Колумбија (106.110), Канада (104.772), Катар (97.897), Кина (83.542), Египет (71.299), Шведска (70.639), Аргентина (69.941), Белорусија (62.698) Белгија (61.727), Еквадор (59.468), Индонезија (59.394), Ирак (53.708) и Холандија (50.335).
Како последица на Ковид-19 во светот починаа 524.406 лица, излекувани се 6.162.463 лица, додека 4.314.154 лица се во процес на лекување.