Muhammed Emin Canik,Emel Gözellik
03 Јули 2020•Ажурирај: 03 Јули 2020
БУЕНОС АИРЕС / АНКАРА
Во изминатите 24 часа од последиците на заразувањето со коронавирусот (Ковид-19), во Бразил починаа 1.252 лица, додека во Мексико животот го загубија 679 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бразил, по САД, се најтешко погодена земја од пандемијата на Ковид-19, а последните податоци на Министерството за здравство на таа земја покажуваат дека во истиот период се откриени 48.105 нови случаи на заразување, со што вкупната бројка на заразени порасна на 1.496.858.
Вкупната бројка на починати во Бразил, епицентарот на коронавирусот во Латинска Америка, достигна 61.884.
Институтот за географија и статистика на Бразил соопшти дека повеќе од 4,2 милиони луѓе во таа земја имаат симптоми како кашлање, ослабено чувство за вкус и мирис и високи телесни температури, со што се вбројуваат во категоријата на луѓе кои потенцијално се заразени со вирусот Ковид-19.
Мексиканското Министерство за здравство соопшти дека во изминатиот ден од Ковид-19 починаа уште 679 лица, со што вкупната бројка на починати порасна на 29.189.
Во соопштението се наведува дека се регистрирани уште 6.741 нов случај на заразување, и дека вкупната бројка на заразени е зголемена на 238.511.
Од Министерството за здравство на Индија е соопштено дека во изминатите 24 часа поради заразувањето со Ковид-19 починале 391 лице, со што вкупната бројка на жртви од пандемијата во таа земја порасна на 18.225.
Во истиот период е потврдено заразување кај уште 22.527 лица, со што вкупната бројка на заразени достигна 627.168.