свет

Грција: Протести на граѓаните поради планот на Владата за ограничување на демонстрациите

Демонстрантите на повикот на Комунистичката патија на Грција (ККЕ) се собраа на централниот Плоштад Омониа

Ayhan Mehmet  | 03.07.2020 - Обновена : 05.07.2020
Грција: Протести на граѓаните поради планот на Владата за ограничување на демонстрациите ( Foto: Ayhan Mehmet / Anadolu Agency )

АТИНА

Стотици граѓани во Атина, главниот град на Грција, протестираа поради најавата на грчката влада за ограничување на демонстрациите, јавува Агенција Анадолија (АА).

Демонстрантите на повик на Комунистичката патија на Грција (ККЕ) се собраа на централниот Плоштад Омониа.

Собраните го извикуваа слоганот „Грција не смее да стане полициска држава" и одржаа протестна прошетка до зградата на државниот палрамент.

Во текот на протестите е порачано дека не смее да се дозволи усвојување на закон кој би ги ограничувал демонстрациите и собирите на граѓаните.

Протестите во Атина се завршени без инциденти, а слчни демонстрации се одржани и во други грчки градови.

Со нацртот на закон кој е предложен на 29 јуни, предвидени се затворски казни од една година за лица кои учествуваат на забранети демонстрации и казна затвор од две години за демонстрантите кои се вмешани во насилство.

Се очекува споманиот предлог на законот да биде изгласан најдоцна 10 јули.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın