Балкан, Коронавирус

Во Белград прогласена вонредна состојба поради Ковид-19

„Одлуката стапува во сила денеска, а донесена е на предлог на градскиот Штаб за вонредни ситуации, поради тоа што 82,5 отсто од вкупниот број на заразени во Србија се токму од главниот град“, соопштено е од Градската управа

Bojana Stojanovic  | 03.07.2020 - Обновена : 05.07.2020
Во Белград прогласена вонредна состојба поради Ковид-19

БЕЛГРАД

Во Белград е прогласена вонредна состојба заради спроведувањето на превентивните мерки за заштита од коронавирусот (Ковид-19), изјави денеска градоначалникот на Белград, Зоран Радојичиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Одлуката стапува во сила денеска, а донесена е на предлог на градскиот Штаб за вонредни ситуации, поради тоа што 82,5 отсто од вкупниот број на заразени во Србија се токму од главниот град“, соопштено е од Градската управа.

Меѓу мерките кои за Белград синоќа ги најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се и забрана за работа за ноќните клубови од 23:00 часот до 6:00 часот науро, а тоа се однесува и на кафулињата кои немаат отворен простор.

Исто така, се забранува собирање на повеќе од 100 луѓе во затворен и за повеќе од 500 луѓе на отворен простор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın