Nuri Aydın
26 Јули 2021•Ажурирај: 27 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Бројот на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 195 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometers“, во светот со Ковид-19 досега се заразени вкупно 195.003.206 лица.
Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД), каде што со вирусот се заразени 35.201.647 лица.
Што се однесува до бројот на откриени случаи, по САД следуваат Индија (31.411.262), Бразил (19.688.663), Русија (6.149.780), Франција (5.993.937), Велика Британија (5.697.912), Турција (5.601.608), Аргентина (4.846.615), Колумбија (4.727.335), и Италија (4.317.415).
Како последица на вирусот во светот починаа 4.178.646 лица. Во светот регистрирани се 176.912.789 оздравени лица од вирусот, додека 13.911.771 лице се во процес на лекување.