свет

Земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди Индонезија

Според првичните сознанија, нема жртви или материјална штета во земјотресот

Büşra Selvi Öğütcen  | 26.07.2021 - Обновена : 27.07.2021
Земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди Индонезија

АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 6,2 степени се случи на отворени води кај индонезискиот остров Сулавеси, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Оваа информација преку соопштение ја потврди Центарот за геолошки истражувања на САД.

Се истакнува дека епицентарот на земјотресот бил 97 километри западно од крајбрежниот град Лувук при Сулавеси.

Во соопштението се вели дека земјотресот со јачина од 6,2 степени се случил на длабочина од 10,7 километри.

Според првичните сознанија, нема жртви или материјална штета во земјотресот.

Институтот за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија по земјотресот не даде предупредување за цунами.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.