свет

САД: Над 430 лица загинаа во вооружени напади во последната недела

Во овие напади повредени се 1.007 лица

Şeyma Uzundere  | 26.07.2021 - Обновена : 28.07.2021
САД: Над 430 лица загинаа во вооружени напади во последната недела

АНКАРА (АА) - Според Архивата за вооружено насилство (GVA), која собира податоци за вооружени насилства во Соединетите Американски Држави (САД), минатата недела се случиле над 915 напади со оружје низ целата земја и се регистрирани 430 смртни случаи, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според извештајот на „The Hill“, базиран на податоците обезбедени од ГВА, во земјата се зголемило насилството со оружје.

Податоците открија дека во периодот од 17 до 23 јули регистрирани се над 915 инциденти на вооружено насилство во САД, а повеќе од 430 лица го загубиле животот во тие инциденти.

Покрај тоа, во нападите повредени се 1.007 лица.

Вооружените насилства се случиле претежно во сојузните држави Илиноис (109), Тексас (63), Пенсилванија (59) и Калифорнија (52).

Покрај тоа, во 2021 година регистрирани се 13.500 самоубиства извршени со оружје.

Оваа година, повеќе од 24.000 луѓе, од кои 800 се на возраст под 18 години, а 174 на возраст под 12 години, починаа во вооружени насилства во САД.

Овој број во 2020 година ја надмина бројката од 43.000 и се искачи на највисоко ниво во последните 20 години.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.