свет, Коронавирус

Во светот дадени над 3,88 милијарди дози од вакцините против Ковид-19

Во Кина се дадени над 1,55 милијарди дози, најмногу во светот, по која следуваат Индија, САД, Бразил, Германија, Велика Британија, Јапонија, Франција, Турција и Италија.

Şeyma Uzundere  | 26.07.2021 - Обновена : 27.07.2021
Во светот дадени над 3,88 милијарди дози од вакцините против Ковид-19

АНКАРА (АА) - Во светот се аплицирани над 3,88 милијарди дози од вакцините против Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Податоците објавени на веб-страницата „Ourworldindata.org“ покажуваат дека во Кина се дадени над 1,55 милијарди дози, најмногу во светот.

Следуваат Индија (над 435,2 милиони), САД (341,82 милиони), Бразил (131,97 милиони), Германија (89,39 милиони), Велика Британија (83,39 милиони), Јапонија (77,73 милиони), Франција (68,06 милиони), Турција (67,05 милиони) и Италија (65,32 милиони).

Турција е деветта земја по вкупниот број дадени дози. Податоците од турското Министерство за здравство покажуваат дека во Турција се дадени 67.056.415 дози. Првата доза ја имаат примено 39.641.787 лица, а втората доза 23.439.024 лица.

Повеќето вакцини против Ковид-19 се даваат во две дози, така што бројот на вакцини не е еднаков со бројот на лица кои се целосно вакцинирани.

Податоците објавени на страницата „Worldometers“ покажуваат дека во светот со коронавирусот се заразени над 195 милиони луѓе, а од последиците од вирусот починале над 4,17 милиони лица.​​​​​​​

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın