İbrahim Hakkı Çetinkaya
14 Декември 2020•Ажурирај: 15 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на оздравени лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 51 милион, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometers“, 51.002.811 лица успешно ја победиле битката со Ковид-19.
Првите четири земји во светот во кои се регистрирани најмногу случаи на Ковид-19 се исто така земји каде се регистрирани најмногу оздравени пациенти.
Во Соединетите Американски Држави (САД) регистрирани се 9.725.851 оздравено лице, во Индија 9.400.694, во Бразил 5.982.953, во Русија 2.124.797, во Аргентина 1.335.717 и во Колумбија 1.314.836 оздравени.
Меѓу другото, во Турција заклучно со денес, од вирусот се излекуваа 603.780 лица.
Во светот во процес на лекување се 20.148.349 лица.
Бројот на откриени случаи на вирусот во светот изнесува 72.772.344, додека како последица на Ковид-19 досега починаа 1.621.184 лица.