свет, Коронавирус

Бројот на излекувани лица од Ковид-19 ширум светот надмина 350.000

Според податоците на интернет страницата „Worldometer“, 353.138 лица во светот кои биле заразени со Ковид-19, успееле да ја победат борбата против оваа пандемија

Zehra Ulucak  | 09.04.2020 - Обновена : 10.04.2020
Бројот на излекувани лица од Ковид-19 ширум светот надмина 350.000

АНКАРА (АА) - Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) ширум светот надмина 350.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците на интернет страницата „Worldometer“, 353.138 лица во светот кои биле заразени со Ковид-19, успееле да ја победат борбата против оваа пандемија.

Најмногу излекувани лица се забележани во Кина, каде 77.370 лица биле излекувани од Ковид-19.

Што се однесува до земјите во кои се забележани најмногу излекувани лице, по Кина следат Шпанија со 52.165 излекувани лица, Германија со 50.557 излекувани лица, Иран со 32.309 излекувани лица, Италија со 28.470 излекувани лица, САД со 24.961 излекувано лице, и Франција со 23.206 излекувани лица.

Бројот на излекувани лица од Ковид-19 ширум светот изнесува 1 милион 589 илјади и 16 лица, додека бројот на починати поради овој вирус изнесува 94.946 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.