Hasan Esen
09 Април 2020•Ажурирај: 10 Април 2020
ЛОНДОН (АА) - Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон излезе од интензивна нега каде веќе три дена се лекуваше поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Премиерот вечерва од интензивна нега е преместен во соба. Во текот на првата фаза на лекувањето, тој тука ќе биде под бнимателен надзор“, се вели во соопштението на премиерскиот кабинет.
Во ова соопштение се нагласува дека Џонсон се чувствува исклучително добро.
Инаку, Џонсон на 27 март беше позитивен на Ковид-19 и од тој ден до 5 април беше во излолација.
Во вечерта на 5 април Џонсон беше пренесен во болница, кој потоа беше лекуван во интензивна нега, каде остана 3 дена.