Балкан, Коронавирус

Косово: Бројот на починати од Ковид-19 се искачи на 7 лица

На интензивна нега на оваа клиника починал пациент од Гнилане постар од 70 години. Пациентот на 31 март беше примен во Инфективната клиника во тешка состојба, имаше и други болести

Agim Sulaj  | 10.04.2020 - Обновена : 10.04.2020
Косово: Бројот на починати од Ковид-19 се искачи на 7 лица

ПРИШТИНА (АА) - Во Косово уште едно лице почина како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во земјата се искачи на 7 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Оваа информација преку соопштение ја потврди Инфективната клиника при Универзитетскиот клинички центар на Косово.

Во соопштението се нагласува дека на интензивна нега на оваа клиника починал пациент од Гнилане постар од 70 години.

„Пациентот на 31 март беше примен во Инфективната клиника во тешка состојба, имаше и други болести. Ова е седмиот смртен случај од Ковид-19 во Косово“, се наведува во ова соопштение.

Меѓу другото, Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека уште три лица се позитивни на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 277 лица.

Се вели дека бројот на излекувани лица од коронавирус во Косово изнесува 38 лица.

Од друга страна, министерот за здравство на Косово, Арбен Витиа, денес истакна дека во координација со општините кои веќе се под карантин, со цел спречување на ширењето на коронавирусит, од утре во Општина Малишево ќе се забрани движењето од 14:00 до 06:00 часот, додека во Општина Митровица и во Општина Звечан движењето се забранува од 12:00 до 06:00 часот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın