Emre Aytekin
08 Јули 2020•Ажурирај: 08 Јули 2020
АНКАРА
Бројот на активни случаи на заразување со Ковид-19 во светот надмина 4,5 милиони, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците на страницата „Worldometer“, на која се достапни последните информации во врска со епидемиолошката ситуација во светот, покажуваат дека од заразувањето со овој вид на коронавирус моментално се лекуваат вкупно 4.506.906 лица.
Од тој број, 4.448.734 имаат само благи симптоми, додека 58.172 лица се наоѓаат во животна опасност.
Голем број на пациенти на лекување создаваат додатен притисок на здравствените системи на земјите кои се погодени од вирусот.
Најмногу активни случаи се забележани во САД, вкупно 1.608.359. Следуваат Бразил (489.865), Индија (266.221), Русија (217.614), Јужна Африка (110.054), Перу (97.338), Пакистан (91.602), Бангладеш (89.099), Мексико (72.348), Колумбија (68.274), Франција (61.222), Саудиска Арабија (60.252), Египет (52.072), Аргентина (51.687), Белгија (35.209), Филипини (34.178), Индонезија (33.135), Еквадор (29.301), Боливија (27.617), Канада (27.573), Иран (26.757), Чиле (26.340), Украина (25.989), Ирак (25.764) и Турција (17.345).
Бројот на заразени со Ковид-19 во светот надмина 11 милиони, а како последица на заразувањето починаа повеќе од 547.000 лица.