Турција, Коронавирус

Порака до Британците за „безбеден туризам“ во Турција од амбасадорот на Англија во Анкара

- Амбасадорот Чилкот истакна дека Турција спроведува многу строги превентивни мерки на аеродромите и хотелите со цел да им се осигура безбедноста на туристите.

Zuhal Demirci  | 08.07.2020 - Обновена : 11.07.2020
Порака до Британците за „безбеден туризам“ во Турција од амбасадорот на Англија во Анкара

АНКАРА

- Зухал ДЕМИРЏИ


Амбасадорот на Англија во Анкара Доминик Чилкот истакна дека во периодот на пандемијата на новиот тип на коронавирус (Ковид-19), Турција спроведува многу строги превентивни мерки на аеродромите и хотелите со цел да им се осигура безбедноста на туристите и додаде „Се надевам дека Турција ќе продолжи да биде најпосакуваната дестинација за британските туристи“.

Чилкот за АА изјави дека и самиот се вклучил во информирањето на туристичките услуги што Турција ги нуди во периодот на нормализација и во борбата со пандемијата на коронавирусот, давајќи свој коментар за учеството на промоцијата „Откриј повторно“ организирана на 19 јуни во Анталија каде биле презентирани превентивните мерки што Турција ги преземала за „безбеден туриазм“ во овој период.

Изразувајќи го своето задоволство што со својата сопруга Џејн Лејди Чилкот имал можност да учествува на активностите организирани во Анталија, амбасадорот Чилкот истакна дека цел на активноста била амбасадорите да бидат информирани со превентивните мерки што Турција ги презема на аеродромите и туристичките места за да се спречи ширењето на Ковид-19.

Амбасадорот Чилкот истакна „Посетата беше исклучително корисна. Навистина вредеше лично на самото место да ги видиме мерките што власта ги презема за да се осигура безбедно патување во Турција“.

Тој додаде дека во рамките на активностите во Анталија, Министерот за култура и туризам на Турција Мехмет Нури Ерсој организирал презентација на тема „Програма за безбедносен туристички сертификат“, на која биле презентирани 130 критериуми поставени од турското министертво и соодветните владини органи кои треба да бидат исполнети со цел да се обезбедат хигиенски и здравствени стандарди.

Чилкот продолжи со зборовите „Бев многу импресиониран кога видов колку цврсто се применуваат овие правила на аеродромите и хотелите за да се осигура безбедноста на туристите“.


- „Се надевам дека ќе продолжи динамиката на британските туристи“

Посочувајќи дека британската влада минатата недела направила некои измени во одлуките за меѓународни патувања, Чилкот рече:

„Земајќи го во предвид успехот што Турција го покажа во ставањето под контрола на вирусот и откако видовме колку ‘Програмата за безбедносен туристички сертификат’ прецизно се применува, ја укинавме нашата препорака да не се патува во Турција. Отсега повеќе нема да биде применуван 14-дневниот карантин на луѓето кои од Турција доаѓаат во Велика Британија.

Реалноста е дека ова лето туризмот ќе биде негативно погоден од Ковид-19, но се надевам дека по последната одлука на Владата на Велика Британија, Турција ќе продолжи да биде најпосакуваната дестинација за одмор на британските туристи“.

Подвлекувајќи дека последните две години многу е голем подемот на британските туристи кои доаѓаат во Турција, Чилкот информираше дека во 2018 година Турција ја посетиле 2,3 милиони британски туристи, додека минатата година таа бројка изнесува над 2,5 милиони.

Изразувајќи ја својата надеж дека овој раст ќе продолжи и во наредните години, Чилкот рече:

„Во наредните недели и јас ќе слезам до крајбрежниот појас за да се сретнам со гувернерите, началници на обласната полиција и локалните власти, за лично да им се заблагодарам за нивните напори да ја осигураат безбедноста на британските туристи за време на посетата на Турција.


- Амбасадорите и странските новинари се состанаа во Анталија за „безбеден туризам“


Во Анталија се одржа активноста „Откриј повторно“ на која учествуваа 50 амбасадори и претставници на дипломатски мисии, кои се на должност во Турција, како и голем број странски новинари, на која беа претставени туристичките услуги што Турција ги нуди во процесот на нормализација во борбата против пандемијата на Ковид-19.


Во рамките на активностите што ги организираше Министерството за култура и туризам на Турција, прес-конференција одржа министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, кој во својот говор подвлече дека се залагаат сите туристи што ќе дојдат во Турција, откако ќе го поминат одморот под безбедни и хигиенски услови, безбедно да се вратат во своите земји.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.