Muhammet Kurşun
08 Јули 2020•Ажурирај: 08 Јули 2020
ТЕХЕРАН
Во Иран во изминатите 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 153 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 12.084, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садар Лари изјави дека во истиот период се потврдени 2.691 нови случаи на заразување.
Таа истакна дека вкупниот број на заразени достигнал 248.379 и додаде дека се излекувани 209.463 лица, кај кои претходно е потврдено присуство на Ковид-19.
Наведувајќи дека 3.309 заразени се наоѓаат во критична состојба, Лари напомена дека неколку покраини се прогласени за црвена зона, а дека главниот град Техеран се наоѓа меѓу ризичните подрачја.
Во Иран од почетокот на пандемијата се тестирани 1.872.391 примероци.