свет, Коронавирус

Бројката на новозаразени со Ковид-19 во Индија продолжува да се намалува

Во последните 24 часа детектирани се 62.224 лица позитивни на новиот тип коронавирус, додека од последици предизвикани од Ковид-19 животот го загубија 2.542 лица

Emre Aytekin  | 16.06.2021 - Обновена : 17.06.2021
Бројката на новозаразени со Ковид-19 во Индија продолжува да се намалува

АНКАРА (АА) - Во Индија, една од земјите најпогодени од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), бројката на новозаразени продолжува да се намалува на дневно ниво, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство на Индија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 62.224 лица позитивни на новиот тип коронавирус, додека од последици предизвикани од Ковид-19 животот го загубија 2.542 лица.

Бројката на новозаразени со Ковид-19 на дневна основа падна на најниско ниво од 30 март досега. Бројот на новозаразени во Индија се зголеми на повеќе од 100.000 на 4 април, на 15 април над 200.000, на 21 април се искачи над 300.000, а на 30 април бројката на новозаразени надмина 400.000.

Вкупниот број на лица заразени со Ковид-19 изнесува 29.633.105, од кои починаа 379.601 лице, а од коронавирусот оздравеа 28.388.100 лица.

Вреди да се забележи дека иако бројот на новозаразени случаи во земјата се намалува, бројката на починати сè уште не се намалува со истото темпо.

Експертите предупредуваат дека точната бројка на заразени и смртни случаи предизвикани од Ковид-19 би можела да биде многу повисока.

- Бројот на оздравени го надминува бројот на новозаразени во последниот месец -

Во последните 24 часа, во Индија оздравеа 107.628 пациенти со Ковид-19. Треба да се забележи дека бројот на оздравени ја надмина бројката на новозаразени во последниот месец, со што делумно е олеснет товарот што епидемијата го има врз здравствениот систем.

Стапката на оздравени се зголеми на 95,80 %, а во моментов во Индија продолжува лекувањето на 865.432 заразени.

- Администрирани над 261 милион вакцини -

Во Индија досега се дадени 261.970.000 дози вакцини, од започнувањето на кампањата за вакцинација на 16 јануари досега.

Вакцинацијата во Индија со население од околу 1,4 милијарди сè уште не го достигна посакуваното ниво за да може да се запре епидемијата.

Според инернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот на светско ниво, Индија е втора земја во светот според бројката на лица кај кои е детектиран коронавирусот, а трета според бројката на починати.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın