Emel Gözellik
31 Мај 2020•Ажурирај: 31 Мај 2020
АНКАРА (АА) – Во Бразил, во последните 24 часа од вирусот Ковид-19 починаа 956 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците што ги објави бразилското Министерство за здравство, во последните 24 часа, како последица на Ковид-19 регистриани се 956 смртни случаи, со што вкупната бројка на починати во земјата е зголемена на 28.834.
Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 изнесува 498.440, од кои 33.234 се регистрирани во последните 24 часа.
Според информациите што ги објавува интернет-страницата „Worldоmeter“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на новиот тип коронавирус во земјите од светот, Бразил е земја со најголем број на заразени и смртни случаи во Латинска Америка, а втора во светот зад САД според бројот на лица позитивни на тестот за Ковид-19.