Emel Gözellik
31 Мај 2020•Ажурирај: 01 Јуни 2020
АНКАРА (АА) – Во Мексико, во последните 24 часа од новиот вид коронавирус, Ковид-19, починаа 364 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство, бројот на заразени со Ковид-19 во земјата се зголемил за 2.885 во последното деноноќие, со што вкупната бројка се искачила на 87.512.
Бројот на починати од Ковид-19 во земјата порасна на 9.779, со зголемување од 364 во последните 24 часа.
На 27 мај во Мексико за првпат беа регистрирани повеќе од 500 смртни случаи од вирусот во текот на 24 часа.
Првиот случај на Ковид-19 во Мексико е откриен на 28 февруари, а првиот смртен случај поврзан со вирусот беше на 19 март.