Dilara Hamit
27 Мај 2020•Ажурирај: 27 Мај 2020
АНКАРА
Во изминатите 24 часа во Бразил од последиците на коронавирусот (Ковид-19) починаа 1.039 лица, со што вкупната бројка достигна 24.512, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Министерството за здравство е потврдено дека бројот на случаи на Ковид-19 се исчани на 391.222, после што во однос на претходниот ден се потврдени 16.324 нови случаи.
Бразил, кој во Јужна Америка има најголем број заразени и смртни случаи од Ковид-19, е втора најмногу погодена земја на светот од овој вирус, по Соединетите Американски Држави (САД).