свет

Либиската војска објави снимки од платениците на руската компанија Вагнер

- Снимките ги објави медиумскиот центар на Операцијата „Вулкан на гневот“, при либиската влада, а на нив може да се видат повеќе вооружени луѓе во маскирана облека, додека се превезуваат со камионети.

Enes Canlı  | 27.05.2020 - Обновена : 27.05.2020
Либиската војска објави снимки од платениците на руската компанија Вагнер

АНКАРА

Либиската војска објави снимки од платениците кои припаѓаат на руската безбедносна компанија Вагнер, која во Либија и дава поддршка на лидерот на нелегитимните сили на источниот дел на земјата, Калифа Хафтар. Снимките се направени за време на повлекувањето од Триполи и нивното доаѓање на аеродромот Бени Велид, јавува Агенција Анадолија (АА).

Снимките ги објави медиумскиот центар на Операцијата „Вулкан на гневот“, при либиската влада, а на нив може да се видат повеќе вооружени луѓе во маскирана облека, додека се превезуваат со камионети. Освен воени возила, во конвојот можат да се забележат и амбулантни возила.

Либиската војска во текот на изминатите денови остварува успеси во борбата против милитантните сили на Хафтар. Милитантите на Хафтар во текот на изминатите пет дена изгубија контрола во повеќе градови во Либија, вклучувајќи ја и воздушната база Ватија чие ослободување либијската војска ги оцени за стратешки успех.

Вагнер група е руска компанија позната по политичките активности и испраќање на своите платеници во Сирија, Украина, Либија но и другите земји на Африка.

Името Вагнер се слушна за време на руската противзаконска анексија на Крим и поддршката на Москва на сепаратистичките групи на источниот дел на Украина. Според извештаите на ОН, околу 1.000 платеници на Вагнер се борат за Хафтар на линиите на фронтот во Триполи.

Од АФРИКОМ денес предупредија дека Русија неодамна испратила воени авиони во Либија за да ја поддржи компанијата Вагнер во таа земја, односно лидерот на сили на источниот дел на Либија, Хафтар.

Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година, кога Моамер ал Гадафи беше соборен од власт и убиен.

Во земјата владеат судири меѓу меѓународно признатите либиски владини трупи и силите поврзани со Хафтар.

Советот за безбедност на ОН од 2011 година воведе ембарго за оружје за Либија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın