Büşra Selvi Öğütcen
25 Мај 2020•Ажурирај: 26 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Во Бразил во последните 24 часа од новиот вид коронавирус (Ковид-19) починаа уште 653 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди бразилското Министерство за здравство.
Во соопштението се нагласува дека во последните 24 часа во починале уште 653 лица поради Ковид-19, со што вкупниот број на починати во земјата порасна на 22.666.
Се истакнува дека се откриени уште 5.372 случаи со овој вирус. Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во земјата се зголеми на 363.211.
Според интернет-страницата „Worldometer“, Бразил е земја каде што се откриени најмногу случаи на Ковид-19 во Латинска Америка, и каде што се регистрирани најмногу смртни случаи како последица на овој вирус.
Бразил е втора земја во светот според бројот на случаи со Ковид-19, по САД.