Muhammed Emin Canik
27 Јуни 2020•Ажурирај: 29 Јуни 2020
БУЕНОС АИРЕС (АА) – Бразил ќе купи 100 милиони дози од вакцината против Ковид-19, доколку истражувањето за развивање вакцина на Универзитетот „Оксфорд“ биде успешна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите во бразилскиот печат, Министерството за здравство соопштило дека доколку вакцината што ја развива Универзитетот „Оксфорд“ биде успешна ќе купат 100 милиони дози, и дека со производителите се договориле да ја купат соодветната опрема за нејзино производство во земјата.
Доколку вакцината, која започна да се тестира на луѓе во Бразил минатата недела, биде ефикасна, Бразил најпрвин во првата фаза ќе купи 30 милиони вакцини, во декември 15 милиони, во јануари 2021 година 15 милиони. Вкупно 100 милиони дози.
Во втората фаза од договорот, Бразил ќе може да купи околу 70 милиони дози вакцина по цена од 2,30 долари.
- Ако вакцината биде успешна, ќе се произведува во Бразил -
Според договорот, Освалдо Круз (Fiocruz), најголемата фондација за медицински истражувања во Латинска Америка, поврзана со бразилското Министерство за здравство, се здоби со лиценцата за производство на вакцината.
Бразил кој е епицентар на епидемијата на коронавирусот во Латинска Америка, ќе инвестира 127 милиони долари во развојот на вакцината.
Во Бразил, со популација од 211 милиони, досега од Ковид-19 починаа 55.961 лица, а заразени се 1.274.974 лица.