Aşkın Kıyağan
13 Ноември 2021•Ажурирај: 14 Ноември 2021
ВИЕНА (АА) - Австрија ќе воведе полициски час за оние кои не се целосно вакцинирани почнувајќи од понеделник, откако бројот на случаи на коронавирусот во државата се зголеми, јавува Агенција Анадолија (АА).
Канцеларот Александар Шаленберг на прес-конференција во четвртокот истакна дека за карантин ви можело да се даде „зелено светло“ по состанокот со шефовите на сојузните покраини и експертите закажан за утре.
Нагласувајќи дека е против воведувањето на полициски час за сите, Шалемберг рече дека чекорите на федерално ниво е во рамките на борбата против епидемијата на коронавирусот.
Австрискиот министер за здравство, Волфганг Макштајн, рече дека почнувајќи од понеделник, полицискиот час за невакцинираните лица во сојузните покраини Горна Австрија и Салцбург е сигурен, но остави неодговорени прашања за тоа кога слични мерки ќе стапат на сила во целата земја.
Макштајн рече дека ќе биде воведена обврската за вакцинација за оние кои работат во здравствениот сектор.
Од понеделник, на оние кои не се вакцинирани во двете покраини нема да им биде дозволено да излегуваат надвор дури иако го прележале вирусот или имаат негативен ПЦР тест.
Германија повторно ја стави Австрија во категоријата земји со висок ризик, поради зголемувањето на бројот на новозаразени.
Од утре, патниците кои пристигнуваат од Австрија ќе бидат ставени во 10-дневен карантин. Тие ќе можат да го напуштат карантинот ако имаат негативен тест за вирусот на петтиот ден од карантинот.
Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во земјата досега се регистрирани 923.150 заразени и 11.601 смртни случаи од коронавирусот.