Riyaz Khaliq
17 Април 2020•Ажурирај: 19 Април 2020
МЕЛБУРН
Доколку не се пронајде вакцина против Ковид-19, мерките за социјално дистанцирање би можеле да се спроведуваат уште една година во Австралија, изјави денеска премиерот на таа земја, Скот Морисон, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Дневниот весник „Сиднеј морнинг хералд“ (Sydney Morning Herald) пишува дека премиерот Морисон изјавил оти не постои гаранција дека наскоро ќе имаме вакцина против Ковид-19.
„Никогаш не постоеше ни вакцина против вирусот САРС или МЕРС и социјалната дистанца е нешто на кое би требало да се навикнеме“, изјави Морисон.
Владата на Австралија исто така одлучи да продолжи со вонредните мерки уште најмалку четири недели за да се спречи ширењето на вирусот.
Во таа земја досега се забележани над 6.520 случаи на заразување, а 65 лица починаа од последиците на вирусот.