Fuat Kabakcı
01 Април 2021•Ажурирај: 02 Април 2021
АНКАРА
Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ и германската компанија за биотехнологија „БајоНТех“ соопштија дека нивната вакцина е ефикасна 91,3 проценти во превенција на вирусот до шест месеци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Блумберг“ (Bloomberg), „Фајзер“ и „БајоНТех“ навеле дека според податоците добиени во испитувањата за вакцините, вакцинираните лица биле заштитени до шест месеци и ефикасноста од превенцијата е 91,3 проценти.
Од друга страна, се наведува дека вакцината е ефикасна 100 проценти во однос на јужноафриканскиот вид на коронавирусот кој се нарекува Б1351. Во испитувањата учествувале околу 800 лица.
Претседателот на „Фајзер“, Алберт Бурла, рече дека новите резултати се ажурирани врз основа на податоците од над 12.000 лица вакцинирани во период од најмалку шест месеци.
Еден од основачките партнери на „БајоНТех“, проф. д-р Угур Шахин, во својата изјава истакна дека податоците добиени во испитувањата за вакцините покажуваат дека вакцината обезбедува ефикасна заштита од сите постоечки варијанти на вирусот.
Според него, тоа е клучно за колективниот имунитет и за крајот на епидемијата во светот.