Husamedin Gina
04 Јануари 2021•Ажурирај: 05 Јануари 2021
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за здравство на Северна Македонија, Венко Филипче, соопшти дека Република Северна Македонија ќе добие 800.000 вакцини против Ковид 19 од производителот „Фајзер“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение од Министерството се наведува дека министерот Филипче во директните преговори со „Фајзер“ обезбедил вакцини за цела 2021 година.
„Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и висок претставник на компанијата производител на вакцини против Ковид 19. Првите 5.850 дози вакцини на ‘Фајзер‘ ќе стигнат во февруари, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди“, се нагласува во соопштението.
Исто така се наведува дека Северна Македонија навремено започнала со подготовките за вакцинација против Ковид 19 и дека постоечката функционална и одлично поставена здравствена инфраструктура е подготвена за имунизација против коронавирусот.
Вакцината на „Фајзер“ се чува во фрижидери на температура од -70 степени Целзиусови, а истите во Северна Македонија ќе пристигнат овој месец.
Регулаторните медицински агенции, европската ЕМА и американската ФДА, имаат дадено одобрение за вакцината на „Фајзер“.