Bahattin Gönültaş
22 Декември 2020•Ажурирај: 23 Декември 2020
БЕРЛИН (АА) - Директорот и коосновач на германската биотехнолошка компанија „БајоНТех“ проф. д-р Угур Шахин, изјави дека вакцината против новиот сој на коронавирусот може да биде развиена за шест недели, јавува Агенција Анадолија (АА).
За време на прес-конференцијата во Мајнц, Шахин говореше за вакцината против Ковид-19 развиена од „БајоНTех“.
Тој рече дека во моментов не е познато дали вакцината развиена од „БајоНTех“ и „Фајзер“ создава имунитет против новата варијанта на коронавирусот, која брзо се шири на југоистокот на Велика Британија.
Шахин истакна дека мора да се спроведат истражувања кои ќе потраат две недели и додаде дека е голема веројатноста вакцината да биде ефикасна.
Рече дека вакцината против новиот сој на коронавирусот може да се развие за шест недели, но дека промените ќе мора да бидат одобрени пред користењето на вакцината.
На конференцијата присуствуваше и директорот за дистрибуција на „БајоНTех“, Шон Марет, кој напомена дека вакцината е одобрена во Велика Британија, САД и во над 45 земји, меѓу кои и земјите од Европската Унија (ЕУ).
Марет рече дека дистрибуцијата на вакцината во земјите на ЕУ ќе започне од утре.