Hasan Esen
16 Декември 2020•Ажурирај: 17 Декември 2020
ЛОНДОН (АА) - Весникот „Фајненшл тајмс“ (Financial Times), основачите на германската биотехнолошка компанија „БајоНТек“, проф. д-р Угур Шахин и д-р Озлем Туреџи, кои ја открија вакцината за заштита од Ковид-19, ги избра за личности на годината, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Англискиот „Фајненшл тајмс“ за проф. д-р Угур Шахин и д-р Озлем Туреџи напиша:
„Парот постигна извонреден научен и комерцијален успех со развивање на вакцината Ковид-19 за помалку од една година.“
Минатата недела, парот пропушти да ги погледне снимките на кои се емитуваше вакцинацијата на 90-годишната Маргарет Кенан, бидејќи работеле со документите на регулаторните агенции за лекови низ светот.
Од почетокот на вакцинацијата биле информирани само преку пораки од пријатели.
Во веста се наведува дека овие видеоснимки значат дека човештвото започнало борба против болеста која уби повеќе од 1,6 милиони животи, и дека Шахин признал дека се „напнати“.
Исто така, во веста се потенцира способноста на Шахин и Туреџи да развијат безбедна и ефикасна вакцина за помалку од една година.
„Наградата за личност на годината е доделана на д-р Угур Шахин и д-р Озлем Туреџи, како креатори на првата вакцина, одобрена од два најсигурни регулатори во светот. Тие се симбол на научна и комерцијална приказна“, се нагласува во весникот.
Меѓу другото, во веста дадени се и детали за професионалниот живот на парот.
Исто така, цитирана е и изјавата на Шахин во која вели: „Ние би сакале да зборуваме за нашата наука наместо за нашето потекло“, во врска со дискусиите за придонесот на мигрантите во општеството каде што живеат.