свет, Коронавирус

Иран: Бројот на починати од Ковид-19 се искачи на 26 лица

„Досега починаа 26 наши граѓани. Бројот на случаи се искачи на 245“, истакна Кијануш Џиханпур, од иранското Министерство за здравство

Mustafa Melih Ahıshalı, Muhammet Kurşun  | 27.02.2020 - Обновена : 27.02.2020
 Иран: Бројот на починати од Ковид-19 се искачи на 26 лица

ТЕХЕРАН (АА) - Како резултат на новиот тип коронавирус (Ковид-19), во Иран починаа уште четири лица, со што вкупната бројка на починати од овој вирус во земјата се искачи на 26 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„(Поради коронавирусот) Досега починаа 26 наши граѓани. Бројот на случаи се искачи на 245“, истакна Кијануш Џиханпур, од иранското Министерство за здравство, се вели во веста на Персиската новинска агенција.

Од друга страна, иранската официјална новинска агенција ИРНА во текот на денот соопшти дека поради коронавирусот починале 22 лица, додека бројот на случаи се искачи на 141.

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, вчера истакна дека се длабоко загрижени поради тоа што случаите на Ковид-19 покажуваат брз раст во Иран, Италија и Јужна Кореја.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın