живот

Цигарите ја намалуваат способноста за гледање бои

Експертите открија дека кај пушачите е намалена способноста за правење разлика меѓу контрастот и боите во споредба со непушачите, и забележани се сериозни промени кај пушачите за гледање на црвена-зелена боја, и сина-жолта боја.

Zehra Ulucak  | 20.02.2019 - Обновена : 21.02.2019
Цигарите ја намалуваат способноста за гледање бои

Ankara

АНКАРА (АА) - Кај лицата што пушат повеќе од една кутија цигари на ден се зголемува ризикот од губење на способноста за гледање бои, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста на „Science Daily“, истражувачите од Универзитетот „Рутгерс“ истакнале дека пушењето повеќе од една кутија цигари на ден негативно влијае врз способноста за гледање бои.

Во оваа студија се истражувани 71 здраво лице кои во својот живот испушиле помалку од 15 цигари, и 63 лица кои дневно пушат најмалку 20 цигари.

Експертите открија дека кај пушачите е намалена способноста за правење разлика меѓу контрастот и боите во споредба со непушачите, и забележани се сериозни промени кај пушачите за гледање на црвена-зелена боја, и сина-жолта боја.

Откриени се и наоди дека никотинот и цигарите во исто време ги оштетуваат вените и невроните кај ретината.

Се вели дека учесниците во истражувањето биле на возраст од 25 до 45 години.

Резултатите на истражувањето се објавени во списанието „Psychiatry Research“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın