живот

Старата традиција опстојува: Рамазанските тапанџии и понатаму ги будат верниците во Газа

За многумина во Газа, овој Рамазан не означува враќање во нормалноста. Иако борбите од големи размери се смирија, раселувањето, уништувањето и неизвесноста продолжуваат.

Elena Trenchevska Chekovic  | 18.02.2026 - Обновена : 18.02.2026
Старата традиција опстојува: Рамазанските тапанџии и понатаму ги будат верниците во Газа

КАН ЈУНИС (AA) - Рамазанската традиција на „мусахарати“ (рамазански тапанџии) опстојува во Појасот Газа покрај урнатините, меѓу раселените Палестинци, јавува Анадолу.

Во кампот Ал Наџат, каде што се засолнети раселени Палестинци, во подрачјето на Ал-Маваси во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, се подготвуваат рамазанските тапанџии.

Помеѓу шаторите украсени за Рамазан, палестинските деца ги придружуваат мусахаратите за време на часот за сухур (оброк пред зори), шетајќи низ кампот со илахии и молитви.

Со децении во Газа, тапанџиите минуваат низ населбите и околината на џамиите за време на рамазанските ноќи за да ги разбудат жителите за сухур.

За многумина во Газа, овој Рамазан не означува враќање во нормалноста. Иако борбите од големи размери се смирија, раселувањето, уништувањето и неизвесноста продолжуваат, оставајќи ги жителите да се снајдат во светиот месец како знаат и умеат, среде длабоката загуба и кревката надеж.

Договор за прекин на огнот поддржан од САД е на сила во Газа од 10 октомври 2025 година, со што се запре двегодишната војна на Израел во која се убиени повеќе од 72.000 Палестинци, претежно жени и деца, а над 171.000 се повредени од октомври 2023 година.

Откако стапи на сила договорот, израелските сили извршија стотици прекршувања преку гранатирање и со употреба на друго огнено оружје, при што убиени се 603 Палестинци, а 1.618 се повредени, според податоците на Министерството за здравство на Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.